Новости
Новости

15.11.2017

По повод “Светскиот ден на лицата заболени од дијабет“

Специјалистичко – консултативната служба при ЈЗУ Здравствен дом Ресен

ја издава следната

 

 

И Н Ф О Р М А Ц И Ј А

 

 

Бројот на заболени и новорегистрирани пациенти со дијабет во

нашата општина го следи трендот на пораст во републички и светски рамки.

Со цел на превенција, рана дијагностика и правилно лекување, уште еднаш

Ве потсетуваме дека во рамките на нашата установа,постои можност

успешно да се постави дијагнозата, да се лекува и рано да се

спречат несаканите последици на ова заболување со:

-лабораториски иследувања (glicemia, OGTT, HB1C)

-консултативен преглед кај интернист

-советувалиште за дијабет во склоп на поливалентната служба

 

-консултативни прегледи кај соодветни специјалистички

служби – офталмологија, невропсихијатрија, дерматологија,

физијатрија, ортопедија, трансфузиологија и други.

====================================================================

14.11.2017

 

СООПШТЕНИЕ

Од Комисијата за деца со специфичен развој

при ЈЗУ Здравствен дом Ресен

 

 

 

Почитувани родители

 

Доколку сакате и имате потреба за Вашето дете, постои можност

за посета на екипа од Поливалентната служба во Вашиот дом.

 

Потребно е само да ја исконтактирате Комисијата заради размена

на податоци и договор за термини.

 

 

 

 

==================================================================

ПОЧИТУВАНИ

 

 

 

 

Ве известуваме дека од 01.11.2017 год. во

ЈЗУ Здравствен дом Ресен започнува со работа:

 

Советувалиште за бремени

 

Истото функционира во просториите на

одделот за гинекологија.


Две обучени медицински сестри – акушерки

ќе пружаат услуги на корисниците во две смени,

без потреба од упат.

 

 

====================================================================

====================================================================

 

ПОЧИТУВАНИ

 

 

 

Ве известуваме дека од 01.11.2017 год. во рамките

на ЈЗУ Здравствен дом Ресен функционира:

 

Интерна комисија за следење на децата со

специфичен развој

 

Идејата е да им се пружи поддршка на семејствата

кои се соочуваат со ваков проблем.

Комисијата ја сочинуваат:

 

-Д-р Јаким Стојчевски - лекар од превентивна медицина

-Д-р Сања Андоновска – лекар специјалист физијатар

-Анита Стојановска – висока медицинска сестра

акушерка од поливалентна патронажна служба

 

Покрај овие интерни членови комисијата ќе

соработува со психолог, дефектолог,

социјален работник и останати профили

зависно од потребата.

Званичниот термин за работа на комисијата

е секој четврток од 13.00 – 14.00 часот

во просториите на главната медицинска сестра

во ЈЗУ Здравствен дом Ресен, а

по потреба заинтересираните да се обратат

кај секој член од комисијата,

секој работен ден од 07.00 – 15.00 часот.

Идејата е да се помогне на Вашите и

наши пациенти и сограѓани, полесно

да доаѓаат до бараните информации и услуги,

полесно да воспостават контакт со

одредени служби, да им се пружи

помош и поддршка во совладување на

одредени ситуации.

 

Однапред благодарам за Вашата помош и

поддршка во функционирањето на оваа комисија.

=====================================================================

====================================================================

Вработените од ЈЗУ Здравствен дом Ресен на сите граѓани на нашата Држава им ги

честитаат претстојните празници со најискрени желби за добро здравје и среќа

во нивните семејства и општа благосостојба.

**********************************************************************************************

 

Почитувани корисници на нашите услуги,

Од месец декември 2016 год.ставен е во употреба новиот апарат за Ултразвучна дензитометрија

за дијагностика на Остеопороза во Одделот за ортопедија.

Истиот им стои на располагање на пациентите секој работен ден освен четврток од 08-13 часот.

Прегледите се закажуваат преку системот "Мој термин" кај матичните лекари.

 

****************************************************************************************

 

Почитувани,

Согласно заклучокот на Владата на Република Македонија од 16 септември 2015 година започна реализацијата

на 7-миот бран на патронажни посети-посети на стари лица во нивните домови во нашата Општина.

Во акцијата ќе бидат опфатени околу 2760 лица и бесплатните прегледи ќе се изведуваат перманентно во

текот на оваа и наредната година.Активноста ќе биде спроведена од нашата Служба за поливалентна патронажа

и ќе се состои од мерење на крвен притисок,шеќер во крвта,холестерол,совети за исхрана и т.н.

Домашните посети ќе се обавуваат секој работен ден со предност на постарите лица.

Ги молиме корисниците на нашите услуги за соработка со нашата Служба на обострано задоволство.

Ви Благодариме

*****************************************************************************************************************

Почитувани,

-Од 14.09.2015 година во Одделот за превентивна медицина при ЈЗУ Здравствен дом Ресен отпочна

вакцинација со петтовалентната вакцина -Pentaxim која е одобрана од СЗО.

Истата заштитува од следниве болести:Difterija,Tetanus,Pertusis,Detska paraliza (Polyomielitis) и

Haemophylus influencae.

Несаканите реакции од овај тип на вакцина се сведени на минимум.

Ги молиме родителите да се јават со своите деца на закажаните термини од страна на нашата

Служба.

Ви Благодариме,

конт.тел. 047 452 960 и 075 246 408

 

 

******************************************************************************************************************

И З В Е С Т У В А Њ Е

 

Се известуваат корисниците на услугите на ЈЗУ Здравствен дом Ресен дека со едностраното

раскинување на меѓусебниот договор од страна на ПЗУ Д-р Магдалена Петковска

Јовановска-Ресен (Април 2014 год.), на Договорот за вршење на породувања- Договор

бр.03-367/1 од 06.07.2007 година ,склучен со ЈЗУ Здравствен дом Ресен ,со кој Договор

ПЗУ Д-р Магдалена Петковска Јовановска-Ресен имаше обврска да врши породувања во

породилиштето на ЈЗУ Здравствен дом Ресен, во текот на 2014 година и во текот на 2015

година во породилиштето на ЈЗУ Здравствен дом Ресен, не е извршено ниту едно породување..

Како резултат на горе изнесеното по препорака на Министерството за здравство на РМ

од новиот Статут на ЈЗУ Здравствен дом Ресен, донесен на седницата на Управниот

одбор на ЈЗУ Здравствен дом Ресен одржана на ден 05.06.2015 година, за кој е добиена

и Согласност од Министерството за здравство на РМ со Решение бр.11-6566/2 од 19.06.2015

година во ЈЗУ Здравствен дом Ресен е укината услугата- породување со стручна помош

и поради тоа во ЈЗУ Здравствен дом Ресен нема да се врши породување.

Ова известување ќе се применува со денот на влегувањето во сила на новиот Статут

на ЈЗУ Здравствен дом Ресен, од 01.07 .2015 година и ќе се објави на огласна табла на

ЈЗУ Здравствен дом Ресен.

ЈЗУ Здравствен дом Ресен

В-д Директор

Д-р Трајче Ничевски

**********************************************************************************

Со проектот "Мој Специјалист" на Министерството за здравство на РМ од 09 мај оваа година започнаа со работа

во нашиот кабинет за Ехокардиографија доктори-специјалисти-кардиолози од Клиничката Болница во Битола

.Кабинетот ќе работи секоја втора сабота а закажувања се можни преку системот "Мој термин" од матичниот лекар.

.Со оваа активност веќе нема потреба од упати во соседните здравствени установи во другите Општини

со што се избегнуваат дополнителните трошоци на пациентите како и се намалува времето на чекање

за потребната дијагностика.

**********************************************************************************

Почитувани,

Во врска со Проектот на Владата на Р.Македонија за развој на центри за лекување на депресивни состојби

Ве информираме дека од 10.12.2014 во рамки на нашата Установа ќе отпочне со работа  Центарот

за депресија.

Работното време на центарот ќе биде секоја среда од 15-20 часот во Одделот за невропсихијатрија под

раководство на др.сци.Ромео Икономовски.

Пациентите ќе доаѓаат по сопствена иницијатива на преглед и нема да биде потребно да бидат

закажани преку системот "Мој термин".

За да бидат примени на преглед,пациентите е потребно да имаат здравствена легитимација.Доколку

докторот утврди дека се работи за пациент со хронични тегоби и поради тоа се лечи подолг период,

потребно е пациентот да се врати кај матичниот(избраниот) лекар со цел да го продолжи

започнатото лекување.

**********************************************************************************

Од 17.11.2014 год.започна петтиот бран на домашни посети на стари и изнемоштени лица на територијата

на нашата Општина.

Со оваа акција ќе бидат опфатени повеќе од 600 лица кај кои ќе биде бесплатно извршен превентивен

преглед во нивните домови од страна на нашите здравствени екипи.Акцијата е предвидено да се

реализира во наредните три месеци.

Пациентите се закажуваат по предходно направен план за работа однапред со телефонски повик

од нашата Служба.

Ги молиме пациентите за што помасовен прием на нашите екипи кои се грижат за нивното здравје.

Однапред им сме благодарни!

 

*********************************************************************************

ЈЗУ Здравствен Дом Ресен зема активно учество во проектот "Патронажни посети" во нашата Општина

под покровителство на Министерството за здравство на Р.Македонија.

Активноста ја спроведува нашата Служба за поливалентна патронажа при што во своите домови бесплатно

се прегледани 191 пациент.Пациентите се селектирани по возраст и хронични заболувања.Проектот започна

со реализација на 18.11.2013 год.и сеуште е во тек.

Пациентите се закажуваат по предходно направен план за работа однапред со телефонски повик

од нашата Служба.

Ги молиме пациентите за што помасовен прием на нашите екипи кои се грижат за нивното здравје.

Однапред им сме благодарни!

**********************************************************************************

ЈЗУ Здравствен дом Ресен од 01 Јануари оваа година успешно го имплементира проектот на Владата

на Р.Македонија и нашето ресорно Министерство "Рурален доктор" на подрачјето на нашата Општина.

На наше и на задоволство на нашите пациенти повторно ги ставивме во употреба амбулантите во

с.Ц.Двор,с.Д.Б.Црква и с.Грнчари а во исто време се вршат патронажни прегледи и во скоро сите

населени места во нашата Општина.

Распоредот на работа на нашата екипа е следен:

 

Normal 0 false false false MK X-NONE X-NONE

Понеделник: -С.Ц.Двор 08-11 часот

-Езерани,Дрмени,Лавци,Д.Перово,Прељубје,Покрвеник,Волкодери од 11-16  часот.

Вторник: -с.Д.Б.Црква од 08-11 часот

-с.Козјак,Г.Б.Црква,Болно,Евла и Г.Дупени од 11-16 часот

Среда: -с.Грнчари

-с.Асамати,Курбиново,Рајца,Сопотско,Златари од 11-16 часот

Четврток:- С.Ц.Двор 08-11 часот.

-Езерани,Дрмени,Лавци,Д.Перово,Прељубје,Покрвеник,Волкодери од 11-16 часот.

Петок:- с.Грнчари од 08-11 часот

-с.Избиште,КрушјечЛ.Река,Кривени од 11-16 часот

 

По потреба корисниците на нашите услуги можат да се јават на моб.телефон

075 215 698

 

*********************************************************************************

По повод светскиот ден на здравството-7 Април на градскиот плоштад беше организирана акцијата "Здравје за сите" при што бесплатно беа прегледани 95 наши сограѓани.Ја користиме приликата да им заблагодариме на нашите сограѓани за големиот одзив за успешно спроведување на оваа наша активност.

*********************************************************************************

Во рамки на Светската недела на Глаукомот која се организира од 09-15 март оваа година,во нашиот Оддел за Очни болести ќе биде организирано бесплатно мерење на очниот притисок кај сите заинтересирани граѓани од нашата Општина.

Ги молиме граѓаните за што поголем одзив на оваа превентивна акција.

**********************************************************************************

 

Овие дена привршуваме со градежните работи околу доградбата на оџакот на нашата котлара ако и на препокривање на терасите на нашиот објект со што ќе го завршиме проектот за целосно реновирање на нашата Установа.

**********************************************************************************

На ден 10.12.2013 год.од сопствени средства го збогативме нашиот возен парк со ново амбулантно возило Dacia Lodgy 1.6 dci Ambiance кое е веднаш ставено во употреба во Службата за итна медицинска помош за потребите на корисниците на нашите услуги.

 

Normal 0 false false false false MK X-NONE X-NONE

**********************************************************************************

 

На ден 05.12.2013 год.во с.Штрбово од страна на наша екипа се одрржа акцијата "Здравје за сите" под покровителство на Министерството за Здравство на Р.Македонија,при што беа извршени 30 превентивни прегледи на локалното население.Им благодариме на граѓаните за одличниот одзив во реализацијата на нашата акција.

**********************************************************************************

На 27.09.2013 на градскиот плоштад во Ресен беше одржана акција "Здравје за сите" под покровителство на Министерството за Здравство на Р.Македонија,при што беа извршени 80 бесплатни превентивни прегледи на граѓаните од нашата Општина.

**********************************************************************************

27.05.2013 год.успешно е завршен проектот за санација на фасадата на нашата Установа.Проектот беше комплетно финансиран од Владата на Република Македонија преку ресорното Министерство за здравство.

**********************************************************************************

На одржаната акција "Здравје за сите" на градскиот плоштад од страна на нашите екипи беа извршени 125 бесплатни превентивни прегледи.Им благодариме на нашите сограѓани за одличниот одзив на нашиот повик.

**********************************************************************************

На 04.04.2013 год.по повод Денот на здравството 7 ми април,ќе се одржи акција "Здравје за сите" на градскиот плоштад во Ресен.Акцијата ќе започне во 8,30 часот и ќе трае до 17 часот.

При тоа ќе се вршат бесплатни медицински прегледи од лекарска екипа од нашата Установа,проверка на гликемија,ниво на холестерол во крвта и мерење на крвниот притисок.

Ги молиме нашите граѓани за што помасовно учество во акцијата за превентивни прегледи.

**********************************************************************************

На 29.03.2013 год. во 13 часот во Одделот за Физикална медицина и рехабилитација ќе врши консултативни прегледи на деца со деформитети на локомоторниот апарат (лошо држење,деформитети на `рбетен столб,стапала ,церебрална парализа и т.н) прим.др.Велика Лабачевска-спец.физијатар од Институтот за Физикална медицина и рехабилитација во Скопје.

Оваа долгорочна соработка е обезбедена со договор меѓу нашите Установи.

*********************************************************************************

27.03.2013 год...Успешно спроведена акција "Здравје за сите" во село Крани,при што се извршени бесплатни превентивни прегледи на 61 пациент.

*********************************************************************************

25.03.2013 год...Започна реализацијата на проектот за санација на фасадата на нашата Установа.Целата постапка ќе биде реализирана со помош на Министерството за здравство на Република Македонија.Проектот ќе биде завршен во следниве 30 работни дена.

*********************************************************************************

На 21.02.2013 год.беше успешно спроведена акцијата "Здравје за сите" во с.Наколец со одличен одзив на месното население при што беа направени 50 превентивни прегледи.Акцијата под покровителство на Министерството за здравство на Р.Македонија и нашата Установа на задоволство на граѓаните од нашата Општина продолжува и оваа година при што ќе бидат спроведени уште 5 акции во рурални средини.

*********************************************************************************

На почетокот на оваа година се успешно завршени градежните работи околу целосното внатрешно реновирање на објектот на ЈЗУ Здравствен Дом Ресен.

*********************************************************************************

Крајот на успешната 2012 год.го завршивме со комплетна реконструкција на покривот на

"Старата Амбуланта" во заеднички проект со ЈУ Центарот за социјални работи Ресен со

што долгорочно е решен проблемот со овај стар објект.

************************************************************************************

На 18.12.2012 е ставено во функција новото специјално-комби возило Renault кое

ни е донирано од Владата на Република Македонија за потребите на Службата за Брза Помош

************************************************************************************

Во тек на овај месец(декември 2012 год.)  во нашата Установа се изведуваат градежни работи за внатрешно реновирање на објектот.Ги молиме корисниците на наши услуги за разбирање,бидејќи одделни услуги ќе бидат вршени во други простории од вообичаените.

************************************************************************************

После успешно спроведената постапка за јавна набавка од сопствени средства на 12.11.2012 год.пуштен е во употреба нов апарат за дијагностика-Периметар во Одделот за Очни Болести во нашата установа.

Истиот има широка примена во компјутеризирана дијагностика на ширината на видното поле како и за рана детекција на повеќе заболувања на очите.(дегенерација на макулата,ретината,невролошки испади,тумори на централниот нервен систем,глаукоми и т.н)

Прегледите на апаратот ќе се вршат секојдневно и нема потреба од посебно закажување на истите а услугата е прифатена од страна на ФЗО на Р.М.

***********************************************************************************

На акцијата "Здравје за сите" која се одржа на 27.09.2012 имавме одличен одзив на граѓаните од нашата Општина при што од наша страна беа изврѓени 120 превентивни прегледи.Со Истите активности ќе продолжиме и во наредниот период на задоволство на нашите пациенти.

На 27.09.2012 во склоп на Општинските активности по повод "Денот на јаболкото",нашата Установа ќе биде активно вклучена со акција"Здравје за сите" на градскиот плоштад во Ресен.

Истата се состои од бесплатен преглед, бесплатно мерење на крвен притисок,шеќер и холестерол во крвта на заинтересираните граѓани од нашата Општина.Се надеваме на голем одзив од граѓаните!

На 21.09.2012 год.после успешно завршената постапка за јавна набавка во нашата Установа пристигна и е ставен во употреба Колор-Доплер ехо уред во Одделот за Интерна медицина со чија помош ќе биде во значителна мера подобрена дијагностиката на болестите на срцето и крвните садови.Овај проект е реализиран со сопствени средства на нашата Установа

На 13.09.2012 пуштена е во употреба комплетно реновираната амбуланта во с.Наколец-проект реализиран со средства на ЈЗУ Здравствен Дом Ресен и месната заедница на с.наколец.

На почетокот на овој месец (јули 2012) се пуштени во употреба реновираните тоалети во нашата Установа ,а за десетина дена ќе продолжиме со реновирање на внатрешноста на нашиот објект.

Исто така пуштена е во употреба и комплетно опремена сала за Кинези терапија во состав на Одделот за Физикална медицина и рехабилитација.

 

* * * * * *

Акција - "Здравје за сите" (Бесплатно мерење на крвен притисок, холестерол и шеќер во крвта)

21 Март 2012 год. С. Крани - Амбуланта од 08:30-17:00 h.

Акцијата заврши со одличен одзив на граѓаните на оваа месна заедница,ги покануваме граѓаните од нашата Општина за уште помасовен одзив на следната акција која ќе се одржи на:

7 Април - Плоштад Ресен 08:30-17:00 h.

Акцијата беше спроведена исто така со одличен оддзив на граѓаните,беа прегледани 152 пациенти на пунктот на плоштадот и 12 домашни посети на стари и изнемоштени лица.

Слични акции ќе бидат организирани и во наредниот период

* * * * * *

По повод денот на здравството 7 Април беше набавен и пуштен во употреба нов Апарат-Двоканален коагулометар во Службата за Трансфузиологија со кој ќе се вршат најсовремени испитувања на пореметувањата во областа на коагулациските болести кај нашите пациенти.

* * * * * *

Под покровителство на СЗО и Министерството за здравство на Р.Македонија како секоја година така и оваа ќе бидат спроведени активности во рамките на "недела на имунизација" од 21-30 Април.

Во неа се спроведуваат следните активности од страна на Службата за превентивна медицина која работи во состав на нашата Установа и тоа:теренско пронаоѓање и вакцинација на деца кои не се вакцинирани од заразни болести,предавања во основните училишта во нашата Општина за значењето на вакцинациите за родители и деца како и за правилен хигиено-диететски начин на живеење  и сл.

 
Периметар и Ехо апарат
Петок, 23 Декември 2011 13:59

Во почетокот на наредната година ќе спроведиме постапка за набавка на Периметар во Одделот за очни болести како и на Ехо апарат со колор Доплер за потребите на интерна медицина.

 
Нови апарати
Петок, 23 Декември 2011 12:56

Во последниве два месеци набавени се и ставени во употреба Холтер апарат за следење на срцевиот ритам и Спирометар во Одделот за Интерна медицина, Апарат за инвитро испитување на алергии во одделот за дерматовенерологија, Рефрактометар и апланационен тонометар во Одделот за очни болести, Ларингоскоп во Одделот за ОРЛ, дефибрилатор во Службата за итна медицинска помош и др.

Со исто темпо ќе продолжиме и во наредниот период така да во почетокот на наредната година ќе спроведиме постапка за набавка на Периметар во Одделот за очни болести како и на Ехо апарат со колор Доплер за потребите на интерна медицина.

 

 

 
Реконстукција и обновување на објекти
Петок, 23 Декември 2011 12:48

Во последните пет години одвоени се многу средства за реконстукција и обновување на нашите објекти како и обнова на нашиот возен парк за потребите на Службата за итна медицинска помош како и на поливалентната патронажна служба но најголем дел е инвестирано во набавка и ставање во употреба на голем број на медицински апарати а се со цел на зголемување на обемот на здравствени услуги а со тоа и на подигнување на нивото на здравствената заштита која ја пружаме во интерес на нашите пациенти.